Берлин -Берлин (германски: Berlin) е - TopicsExpress



          

Берлин -Берлин (германски: Berlin) е главен град на Германија и една од нејзините шеснаесет покраини. Со население од 3,45 милиони жители, Берлин е најголемиот град во Германија. Тој е втор најнаселен град и осма најнаселена урбана област во Европската Унија. Се наоѓа во североисточна Германија и е центар на метрополитенската област Берлин-Бранденбург. Во Берлин живеат 5 милиони луѓе од над 190 земји. Географски, градот се наоѓа во Европската рамница и затоа е под влијание на умерената сезонска клима. Околу една третина од територијата на градот ја сочинуваат шуми, паркови, градини, реки и езера -Првите податоци за градот потекнуваат од 13 век. Берлин бил едноподруго главен град на Кралството Прусија (1701-1918), на Германската Империја (1871-1918), на Вајмарската Република (1919-1933) и на Третиот Рајх (1933-1945). Во текот на 1920-тите години, Берлин бил трета општина по големина во светот. По Втората Светска војна градот бил поделен. Источен Берлин станал главен град на Источна Германија, додека Западен Берлин, со Берлинскиот ѕид (1961-1989), всушност бил опкружен од странска земја т.е. од Источна Германија. По германското обединување во 1990 година, градот си го вратил својот статус како главен град на Германија и домакин на 147 странски амбасади -Потеклото на името на Берлин не е познато, но се претпоставува дека може да е поврзано со збор од стариот полапски јазик чиј корен е berl-/birl-, а во превод значи мочуриште -Најраниот доказ за населување на централните области на денешен Берлин е дрвена греда која датира од околу 1192 година. Првите пишувани податоци за градови, кои се наоѓале во областа на денешен Берлин датираат од крајот на 12 век. Триесетгодишната војна од 1618 до 1648 година ималa катастрофални последици за Берлин. Една третина од куќите биле оштетени, а градот изгубил половина од своето население. Фридрих Вилијам, наследник на својот татко Џорџ Вилијам, бил познат како „големиот електор“ и тој вовел политика на промовирање на имиграцијата и верската толеранција. Со Потсдамскиот едикт во 1685 година, Фридрих Вилијам им понудил азил на француските хугеноти. Повеќе од 15.000 хугеноти отишле во Бранденбург, од кои 6.000 се населиле во Берлин. До 1700 година, околу 20% од жителите на Берлин биле Французи и нивното културно влијание врз градот било огромно. Уште многу други имигранти дошле од Бохемија, Полска и Салцбург. За време на Втората Светска војна, голем дел од Берлин бил уништен во воздушните напади во 1943-45 година. Градот бил опустошен и во текот на битката за Берлин, кога стотици илјади луѓе загинале, од кои околу 125.000 биле цивили. По крајот на војната во Европа во 1945 година, во Берлин се населиле голем број бегалци од источните провинции. Победничките сили го поделиле градот на четири дела, соодветно на окупационите зони на кои била поделена Германија. Западните сојузници (САД, Велика Британија и Франција) го формирале Западен Берлин, додека Советскиот сојуз го формирал Источен Берлин -Според податоците од септември 2010 година, населението во градот-покраина Берлин изнесува 3.44.400 регистрирани жители на површина од 891,82 квадратни километри (344,33 квадратни милји). Густината на населението во градот е 3.848 жители на km ² (9,966 жители на квадратни милји). Урбаната површина на Берлин се протега надвор од границите на градот и опфаќа околу 3.700.000 жители, додека градското подрачје на областа Берлин-Бранденбург е дом на околу 4.3 милиони жители на површина од 5370 km² (2.070 квадратни милји). Во 2004 година, големата урбана зона била дом на повеќе од 4.9 милиони жители, на површина од 17.385 km². Во моментов, во Берлин живеат околу 250.000 Турци (особено во Кројцберг) Во 1990-тите години, законите за иселување во Германија (Aussiedlergesetze) ја овозможиле имиграцијата од поранешниот Советски Сојуз. Денес етничките Германци од земјите на поранешниот Советски Сојуз го сочинуваат најголемиот дел од населението во Германија што зборува руски јазик. Искуството од последната деценија покажа зголемување на приливот на имигрантите од различни земји од Западен Балкан. Особено младите Европејци од ЕУ се доселуваат во градот. Во декември 2008 година, 470.051 жители (13,9% од населението) имале странска националност и потекнувале од 195 различни земји. Околу 394.000 граѓани (11,7%) се потомци на меѓународни мигранти и тие или станеле натурализирани германски државјани или добиле државјанство врз основа на раѓање во Германија. Најголемиот број граѓани со странска националност потекнуваат од Турција (111.285), Полска (43.700), Србија (22.251), Италија (14.964), Русија (14.915), САД (14.186), Франција (13.113), Виетнам (12.494), Хрватска (10.752), Босна и Херцеговина (10.556) и Велика Британија (10.196) и Израел. Исто така има и голема Арапска заедница, претежно од Палестина и Ирак, но не постојат статистички податоци за нив, бидејќи тие најчесто немаат државјанство. -Повеќе од 60% од жителите на Берлин немаат регистрирана верска припадност. Најголеми верски објекти се Евангелска Црква во Берлин-Бранденбург (обединета црква во рамките на Евангелската црква во Германија) со 19,4% од населението, според податоци од 2008 година и Римокатоличката црква со 9,4% од населението. 2,7% од населението припаѓа кон други христијански вери а 8,8% се муслимани. Во Берлин има над 120.000 Евреи и повеќето од нив се доселиле од поранешниот Советски Сојуз -Во 2009 година, номиналниот БДП на градот-покраина Берлин имал стапка на раст од 1,7% (-3,5% во Германија) и изнесувл 90,1 милијарди евра (околу 117 милијарди долари)[72]. Економијата на Берлин денес доминирана од услужниот сектор, околу 80% од сите компании работат во ова поле. Стапката на невработеност постојано се намалува во последната деценија, а според проценките од април 2010 година во моментов изнесува 14,2% (германски просек: 7,9%).
Posted on: Tue, 30 Jul 2013 07:42:00 +0000

Trending Topics



Recently Viewed Topics




© 2015