Здраво на сите ! Тема за разговор: - TopicsExpress



          

Здраво на сите ! Тема за разговор: Живееме во индивидуалистичко или колективно Христијанство? Скоро секој човек мисли дека исправно постапува, размислува, но гледаме дека тоа е личен увид и перцепција како резултат на повеќе фактои. Сега да погледнеме кон Христијаните , тие не треба да бидат водени по својот ум , туку да постапуваат според водството и насоките од Светиот Дух. Дали денешните Христијани денес имаат свесност за единство, дали се едномислени? Што значи едномисленост? Дали Христијаните брзаат еден кон друг да докажат кој е по мудар или пак тоа е само моја слика за нештата? Римјаните: 12:16 Бидете едномислени едни кон други! Не стремете се кон високи нешта, туку држете се за скромните! Не сметајте се сами себеси мудри! Според овој стих вечерашнава тема е: Живееме во индивидуалистичко (свесност само за себе , за спасение на својата душа и потпирање само на своите ставови) или колективно Христијанство? 2 Коринтјани: 13:11 Впрочем, браќа, радувајте се, усовршувајте се, утешувајте се, бидете едномисленици и живејте во мир, и Бог на љубовта и на мирот ќе биде со вас!
Posted on: Sun, 27 Oct 2013 17:31:58 +0000

Trending Topics



Recently Viewed Topics




© 2015