Вработете се во Охридска банка за - TopicsExpress



          

Вработете се во Охридска банка за плата од 25.000 денари Охридска банка, членка на Сосиете Женерал Групацијата, е универзална банкарска институција која нуди широк спектар на домашни и меѓународни банкарски услуги. Групацијата е една од водечките меѓународни банкарски институции, со 148-годишно искуство и традиција со јасна визија за развој и ефикасно управување. Нејзините 160 000 вработени во 76 земји, придружуваат повеќе од 32 милиони клиенти низ целиот свет. За своите потреби Охридска банка огласува слободии работни моста за 2 (двајца) извршители за Скопје и Охрид за следниве позиции: 1. ИТ поддршка и администратор на бекап локација (Скопје) Кој ќе биде одговорен за: • Администрирање на околината за ИП телефонија • ИТ поддршка за корисничка околина • Комуникација со надворешни партнери поврзани со сервис и одржување на опремата, организација на сервис на опремата • Администрација на ИТ бекап локацијата како 2-ор администратор 2. Специјалист за развој на системите од областа на работењето со платежни картички/ електронските плаќања (Охрид) Кој ќе биде одговорен за: • Учество/раководење на проекти поврзани со картично ра6отење/електронски плаќања • Следење и имплементација на регулативата издадена од картичните системи MasterCard / Visa • Комуникација со картичните системи MasterCard / Visa • Подготовка на извештаи специфицирани од страна на картичните системи MasterCard / Visa • Проверка дали политиките на издавање/прифаќање на картички се во согласност со општите правила и услови пропишани од картичните системи MasterCard /Visa • Активно учество во развој/тестирање на апликациските модули за платежни картички • Бизнис анализа Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови: За Позиција бp. 1: ВСС-Електротехнички факултет (насока информатика) или сроден факултет; Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност; Потребно е одлично познавање на Windows системска околина (Win­dows Server); Познавање на: MS SQL Server, ИП Телeфонија, познавање на хардвер (персонални компјутери. печатари, сервери). Потребно в познавање на корисничка Windows околина (Windows 7, Windows ХР), познавања на Cisco мрежни уреди. Добро познавање на англискиот јазик; Добри комуникациски и аналитички вештини; Возачка дозвола (Б категорија) За позицијата бр. 2: ВСС од областа на техничките науки (предност информатика). Пожелно е искуство во областа на работа со платежни картички (издавање и прифаќање), познавање на правилата на картичните организации VISA и MasterCard / електронски плаќања. Искуство од областа на раководење со проекти. Потребно е напредно познавање на англиски јазик, MS Office, познавање на Transact SQL, познавање на MS Project. Самоиницијативност, комуникативност способност за работа во тим, континуирано учење. Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа; Основната нето плата ќе биде дефинирана согласно работното искуство, но не повисока од 25.000.00 денари. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Posted on: Sat, 14 Sep 2013 22:26:18 +0000

Trending Topics



cs Im not

Recently Viewed Topics




© 2015