Поаѓања: 28.09.2013 / 17.10.2013 / 06.03.2014 / 27.03.2013 - TopicsExpress



          

Поаѓања: 28.09.2013 / 17.10.2013 / 06.03.2014 / 27.03.2013 / 18.04.2014 / 10.05.2014 Се искачуваме на врвот на светот. Одиме во Непал, домот на боговите, да се ослободиме од материјалното и да доживееме катарза. Благодарение на преубавите природни пејзажи, снежните врвови околу нас, питоми и насмеани луѓе, ќе доживеме целосен мир... Ова е место каде што студенилата од врвовите на Хималаите се сретнуваат со жештините на индиските рамнини. Хималаите се најголемиот и највисок планински масив во светот. На нив се наоѓа и врвот на светот - Монт Еверест. Хималаи во превод значи “Дом на снегот“. Планинскиот масив настанал пред седумдесетина милиони години кога дошло до судар помеѓу индо-австралиската и евро-азијската тектонска плоча. Резултатот од тоа се убавините по кои денес Непал е толку познат (75% на Непал отпаѓа на Хималаите). Покрај тоа што овој масив е највисок, исто така е и најмлад. На Хималаите, само во Непал, има 250 прекрасни врвови кои надминуваат 6000 метри надморска височина. 31 од врвовите на Хималаите се повисоки од 7600 метри. Непал не е единствен кој може да се гордее со Хималаите. Тие се протегаат и низ: Кина, Индија, Бутан, Авганистан и Пакистан. Должина на Хималаите од исток кон запад е во 2500 километри. Кога се искачувате по Хималаите, ќе забележите драстични промени во климата. На подножјето владее тропска клима, а на врвовите вечен снег и мраз. Трите главни речни базени во светот (Индискиот, Ганг-Брамапутра и Јанг-Це) извираат од Хималаите. Хималаите се живи (геолошки активни). И денес, тие се поместуваат по 10 милиметри годишно. За 10 милиони години, ќе се поместат 1500 километри кон внатрешноста на Азија. Силните Хималаи ја чуваат оваа мала земја од разни негативни влијанија на Западниот свет. Ќе учиме за будизмот и културата на овој питом народ кој живее во хармонија со природата. Ќе ги разгледаме шарените будистички храмови кои ги чуваат приказните на древните цивилизации. Ќе уживаме во ЕЗЕРОТО PHEWA, одраз на Хималаите - огледало на пејзажот. Ова е местото каде што можете да одите на најдобар treking во светот. Тука со денови можете да шетате и да уживате во живописните пејзажи, во бројните национални паркови можете да сретнете ретки видови на диви животни. Ова патување долго ќе го паметите... ПЛАН И ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО 1 ДЕН: Средба на аеродромот "Никола Тесла". Лет до Катманду со трансфер. 2 ДЕН: Пристигнување на аеродромот во Катманду. Градот Катманду е историско и културно срце на Непал и преставува неверојатен микс на хиндуизмот, тибетскиот будизам и западните влијанија. Запознавање на градот и сместување. Ноќевање. 3 ДЕН: Факултативна обиколка на најинтересните квартови на Катманду. Разгледот го започнуваме од плоштадот Дарбар - место кое го преставува срцето на стариот град во религиозен и духовен смисол. Целиот комплекс на плоштадот Darbar е под строга заштита на УНЕСКО. Ќе го посетиме храмот на живата божица Kumari Bahal, Старата кралска палата, градините од соништата и храмот Kastamandap, најстариот во долината. Следи факултативен разглед на храмот Pashupatinat, еднo од најважните хинду храмови - едно од најголемите светилишта на Шива во Индискиот потконтинент. Се состои од голем број на храмови, ashrams, слики и натписи кои во текот на вековите се подигнати по должина на бреговите на светата река Bagmati, пандан на реката Ганг во Индија. Во рамките на овој комплекс се наоѓаат и гатови (порти) на Катманду, каде што се изведуваат церемонии на погребувања, ритуални капења и молитви. Разгледот ќе го завршиме кај Boudhanath stupа, најголемата ступа во долината Катманду (40м), која претставува најзначајна будистичка ступа на светот. Враќање во сместувалиштето. Ноќевање. 4 ДЕН: По појадокот ќе го посетиме Патан (Lalitpur), еден од трите кралски градови во долината Катманду - центар на будистичката и хинду културa, со повеќе од 1200 споменици. Во Патан имате чувство како целиот град да е музеј на отворено со многу палати, статуи на богови и божици, пагоди со еротски релјефни прикази ... Одиме прво до камениот храм Krishna Mandir, со неверојатен приказ од 16-от век, потоа ќе го разгледаме храмот Mahabuda, Златниот храм и многу други свети места. Факултативен разглед на фабриката за етно ракотворби по кои е познат Патан. Подоцна ќе го посетиме храмот Svajambunat Ступа, храм од 5-от век на ридот над долината, од кој се отвора единствена глетка на Катманду, попознат како Храм на Мајмуни, а ќе дознаеме и зошто. Враќање во сместувалиштето. Ноќевање. 5 ДЕН: Факултативна екскурзија до храмот Changi Narayan (Changy Narayan). Храмот се наоѓа на врвот на ридот над локалните села, од каде што ќе уживате во прекрасен поглед кон Катманду од едната страна, а од другата страна кон врвовите на Хималаите. По кусо возење до селото не чека ново утро за прошетка до храмот Changi Narayan. Храмот е еден од постарите во Непал и се верува дека е изграден како светилиште на хинду богот Вишну во 4-от век. Следи факултативен разглед на прекрасниот град Бактапура, поранешна престолнина на Непал и за повеќето најубавиот град во регионот. Градот бил основан во 9-от век и е единственото место во Непал недопрено од раката на западниот свет. Ќе ги видиме Лавовската порта, Златната капија, Галеријата на уметноста и храмот Nijatapola. Во вечерните часови се враќаме во Катманду. Ноќевање. 6 ДЕН: Во утринските часови, се пакуваме и поаѓаме за Pokhara, град кој од Катманду е оддалечен 200 км. Можноста за организирање рафтинг на реката Trisuli во истоимениот национален парк. Дел од групата кој не оди на рафтинг има можност да одмор покрај реката и да ужива во природните убавини. Продолжуваме по патот и пристигнуваме во градот на езерото Feva. Покхара ќе ве воодушеви со прекрасен пејзаж, снежните врвови и неговата несекојдневна убавина. Ова место е познато по езерата (Feva, Begnas и Rupa). Сместување. Ноќевање. 7 ДЕН: Следното утро тргнувaме на целодневен факултативен разглед. Нашата прва станица е храмот на ридот над езерото, каде што на изгрејсонцето ќе ги гледаме романтичните пејзажи на езерото Feva. Ќе бидете восхитени од глетката кон врвот на Анапурна (Fish Tail), што се огледува на мирнaтa површината на езерската вода. Куса пауза за уживање и пејзажи за целиот живот! Подоцна полека се спуштаме до езерото и со брод полека се враќаме назад кон центарот на градот. Слободно време. Ноќевање. 8 ДЕН: факултативен утрински трекинг (лесна прошетка низ селото) од Nudare до Sarangkot кој се наоѓа на 3 часа пешачење од Покхара. Се наоѓа на надморска височина од 1592 метри и претставува највисоката точка во долината на Покхара. Од тука можете да ја видите целата долината на реката и планинскиот венец на Анапурна. Во Sarangkot ќе се одмориме, ќе уживаме во глетките, по желба, можете да платите за параглајдер и да се вратите во градот по воздушна линија. Во близина на Sarangkot е првата станица за сериозен трекинг низ Анапурна, полека ќе се вратиме во Покхара. Имаме слободно време за прошетка и да се запознаеме со локалните жители, да научиме за нивните обичаи, нивниот начин на живот, да уживаме во автентични јадења. Ви препорачуваме да го посетите кампот на тибетските бегалци и водопадите кои се наоѓаат во градот. Ноќевање. 9 ДЕН: Слободен ден во Покхара. Доколку сакате, можеме да организираме уште некој трекинг во овој прекрасен регион. Ноќевање. 10 ДЕН: Факултативен разглед на Музејот Gurki, музејот на планинарството, висечкиот мост над реката Сети. Ноќевање. 11 ДЕН: Слободен ден во Покхара. Ноќевање. 12 ДЕН: Се движиме назад кон долината Катманду и имаме целодневно возење до Нагоркота, убаво место на надморска височина од над 2000 метри. Сместување и слободна вечер. Ноќевање. 13 ДЕН: Се будиме во 6 часот наутро и го чекаме величественото изгрејсонце. Доколку небото е јасно, ќе имате можност да им се восхитувате на пејзажите на Монт Еверест, Mansale и Gauri Shankar, кои го одземаат здивот. Слободно време за прошетка и да уживате. Ноќевање. 14 ДЕН: Го напуштаме Нагоркот. Се враќаме во Катманду, слободно време. Сместување. Ноќевање. 15 ДЕН: Уште малку време за шопинг и збогување со Катманду. Лет Катманду / Белград со трансфер. 16 ДЕН: Пристигнување во Белград. Поаѓања: 28.09.2013 / 17.10.2013 / 06.03.2014 / 27.03.2013 / 18.04.2014 / 10.05.2014 Постои можност за трекинг тура до кампот до височина од 4130м, 10 дена, 9 ноќевања, поаѓање десетиот ден од патувањето. Во тој случај аранжманот трае 21 ден и се доплатува 200 евра по лице. Патувањето во Непал 28.09. можете да го поврзете со патувањето во Индија–Дивали. Патувањето во Непал 17.10. можете да го поврзете со патувањето во Јужна Индија. Патувањето во Непал 28.03. можете да го поврзете со патувањето во Северна Индија. РЕДОВНА ЦЕНА: 1100€ FIRST MINUTE ЦЕНА: 990€ (важи за резервации до 3 месеци пред патувањето) РЕДОВНА ЦЕНА ЗА ПОАЃАЊЕ 06.03.2014 ИЗНЕСУВА 1140€ FIRST MINUTE ЦЕНА ЗА ПОАЃАЊЕ 06.03.2014 ИЗНЕСУВА 1040€ ВО ЦЕНАТА СЕ ВКЛУЧЕНИ СИТЕ АВИОНСКИ БИЛЕТИ, АЕРОДРОМСКИ ТАКСИ, СМЕСТУВАЊЕ И СИТЕ ТРАНСФЕРИ! Патувањето во Непал 28.09. можете да го поврзете со патувањето во Индија–Дивали. Патувањето во Непал 17.10. можете да го поврзете со патувањето во Јужна Индија. Патувањето во Непал 28.03. можете да го поврзете со патувањето во Северна Индија. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Со пријавувањето се плаќа 100 евра во денарска противвредност (1€=62.00 денари), 300 евра се плаќаат на странскиот партнер при патувањето, а преостанатиот износ се плаќа во агенцијата во денарска противвредност (1€=62.00 денари), најдоцна 6 недели пред патувањето. Можност за плаќање преку трансакциски сметки и кредитни картички Visa, Mastercard, Maestro. РЕЗЕРВИРАЊЕ: Препорачуваме да резервирате порано, бидејќи бројот на местата е ограничен. При пријавувањето потребно е да доставите скенирана прва страница од пасошот, инаку агенција не презема одговорноста за печатење авио билет со погрешно име. Документите за вадење виза мора да бидат доставени најдоцна еден месец пред патувањето. Доколку патниците не поднесат документи за вадење виза во наведениот рок, должни се самите да си обезбедат виза за патување. Доколку патниците самите вадат виза, должни се копија од визата да достават 15 дена пред патувањето. ВО АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: - Авионски транспорт на релација Белград-Катманду-Белград со сите такси; - Сите аеродромски такси и трансфери помеѓу градовите; - Ноќевања според планот и програмата на патувањето; - Комплетна организација и придружба на патувањето. ВО АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: - Виза за Непал (30 американски долари се зема на аеродромот во Катманду, со пасош и две слики); - Виза за Соединетите Арапски Емирати (70 евра во денарска противвредост) и ноќевање во Дубаи (30 евра) за време на трансферот; - Факултативни екскурзии и билети за културно-историските споменици; - Меѓународно здравствено осигурување (може да се земе во агенцијата); - Индивидуални трошоци направени за времетраење на патувањето. ЗАБЕЛЕШКИ: - Организатор на патувањето е БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ со лиценца ОТП 266/2010; - Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на содржината на програмата; - Агенцијата не превзема одговорност доколку не добиете виза. - Патниците кои не се државјани на Р. Македонија се должни самите да се запознаат со визниот режим на земјите во кои ќе патуваат и да си обезбедат визи за патување; - Организаторот не е овластен и не врши проверка на веродостојноста на патните и други исправи; - Неопходно е да се провери 2 дена пред патувањето за времето и местото на поаѓање; - Факултативните екскурзии не се задолжителен дел на програмата. Датумите и цените на факултативните екскурзии се променливи и зависат од слободните термини по локациите, бројот на пријавените патници и објективните околности; - Сите информации кои се дадени по устен пат, агенцијата не превзема одговорност. - Потписникот на договорот за патување или претставниците на групи на патници се должни да ги запознаат сите патници со договорената програма на патување, плаќањето и визите и со Општите услови на патување на организаторот на патувањето; - Сите патници се должни да се запознаат со пропишаните правила на однесување на земјите во кои патуваат. - Во средствата за транспорт најстрого е забрането пушење, алкохол и опојни средства. Секој патник кој со своето несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или им пречи на возачите и придружникот, веднаш ќе биде исклучени од патувањето и сета одговорност е на негов товар без право на жалба и поврат на парите. - Патникот ќе го прифати седиштето и собата што ќе му ја додели агенција. Агенцијата го определува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и нивната должина. Со уплатата за превоз, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба; - БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ го задржува правото да прави распоред на сместување во собите. Доколку можеме, ќе се обидеме на вашите желби да им излеземе во пресрет, ве молиме за разбирање, бидејќи ова патување го замисливме како несекојдневна и добра забава. - Check in и check out, (времето на пријавување и одјавување) од собите е регулирано во согласност со правилата за сместување на објектите; - Аранжманот е направен врз база на минимум 10 патници; - Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот, крајниот рок за известување за раскинување на аранжман е 10 дена пред датумот на поаѓање. - Агенција го избира возилото за трансфери и ги врши до сместувањето, доколку тоа физички е возможно; - Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на договорената цена пред патувањето која се должи на промените во размена на валутата или промени на стапките на превозниците и во случаи пропишани со закон. - За денарскиот дел кој се плаќа во земјата, важат условите на авиокомпанијата во случај на промена на тарифите, откажувањата и таксите; - Депозитот кој се плаќа за резервација на авионскиот билет е неповратен; - За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ на СКТМ. GUEST HOUSE - сместувачки објект за луѓе на кои не им е потребена посебна удобност. Собите главно се помали, со две или три легла и бања. Услугата е врз база на ноќевање. БАЛКАН ЕКСПРЕС ТРАВЕЛ ВОДИЧ: КАТМАНДУ е главен град на Република Непал. Претставува туристички, културен, будистички центар за аџилак. Во стариот дел на градот се истакнува монументалната Кралска палата. Во него живеат околу 900.000 жители и секоја година го посетуваат милиони туристи. КАТМАНДУ ДОЛИНАТА се наоѓа во средиштето на Непал, на крстосницата на древните цивилизации, а целата област на почетокот се развивала под влијание на бројни трговци кои по "Патот на свилата" преминувале од Кина до Индија и обратно. Сето ова имало големо влијание врз просторот на Катманду долината во форма на чинија, која внимателно ги чува наследствата на овој необичен и вреден народ. Најзначајните достигнувања на цивилизациите од оваа област во 1979 година заеднички биле ставени под заштита на УНЕСКО под името "Катманду долина". Таа опфаќа седум споменици: плоштадите Darbar во Катманду, Lalitpur (Патан) и Baktapuru, будистичките ступи Svajambunat и Budanat и хинду храмовите Pashupatinat и Changi Narayan. Плоштадот Darbar во превод значи, "место на палати". Кралевите кои владееле со долината ги граделе своите палати на главните плоштади, а околината ја украсувале со голем број храмови, статуи и кралски бањи. Катманду долината политички и културно доминирала на овој дел од Непал. Нејзината митолошка и документирана историја се толку поврзани што тешко е да се разделат. Од почетокот на новиот век со Катманду управувале владетели Kirati, потоа династијата Kichavi, од 3 до 9 век. Патан е основан и проширен во главен град до крајот на 7 век, а градот Катманду бил основан подоцна, во времето на кралот Lichavija. По 9 век доаѓа еден темен период кој траел се до 14 век и доаѓањето на династијата Mala, чиј период е важен за процут на Непалската уметност и архитектура. Од средината на 13 век градот Baktapur се развиваше и стана еден од главните трговски центри. Долината е поделена на три кралства кои се натпреварувле едни со други, што довело до усовршување на уметничкиот приказ во средината на 18 век. Во 1769 доаѓа до обединување на целата долина по освојувањето од страна на кралот Prithvi Narayan Sah. Тој го изградил својот кралски град Катманду и неговата резиденција, палатата Hanuman Doka. Будистичката ступа Budanat е најголемата ступа во Непал и најсвето место на будистите по Тибет. Се наоѓа во источниот дел на Катманду, а нејзината изградба се врзува за 14 век. По кинеската инвазија на Тибет во 1959 година тука се преселиле голем број на Тибетанци кои во околината на ступата изградиле околу 50 манастири. Гледано од птичја перспектива ступата има форма на голема мандала, дијаграм на будистичкиот универзум. Самата ступа е изградена за да ја симболизира земјата, водата, огнот, воздухот и празниот простор. На врвот се насликани очите на Буда свртени кон четирите страни на светот, и ги претстауваат четирите племенити вистини и осумнасочниот пат. Svajambunat ступа е позната како Храм на Мајмуните. Се наоѓа во западниот дел на Катманду и е едно од најсветите будистички места за аџии. Целиот комплекс се состои од вертикална ступа со голем број на помали манастири, некои датираат од династијата Lichavi. Околу ступата се наоѓа голем број на мали и големи молитвени тркала каде што можете да сретнете многу верници кои ги вртат и ја изговараат мантрата "ommanipadme hum". Pashupatinat се наоѓа на реката Bagmati - света река за Хиндусите. Храмот е посветен на еден од трите врвна богови - Шива, богот чија мисија е да го уништи универзумот. Тој е исто така бог на плодноста, па негов главен симбол е Linga, која се чува во храмот. На бреговите на реката Bagmati секој ден се вршат ритуални погреби на починатите. Свештениците прво ги потопуваат телата на починатите во светата река, а потоа ги завиткуваат во портокалова облека, на крајот ги вршат ритуалните запалувања на брегот. Пепелта се истура во светата река, бидејќи се верува дека на овој начин душата на покојникот ќе оди во рајот. Катманду долината не може да се опише, потребно е да се доживее и да ги видите насмевките на лицата на старите луѓе, да ги слушнете вресоците на веселите деца, да сретнете крави на улиците, да слушнете звук на сирени, да се возите во рикши, да доживеете љубезно однесување на локалните жители, да разговарате со децата на плоштадите, да го видите неварското копаничарство врежано во камен и дрво, да прошетате по плоштадите во Бактапур, Катманду и Патан, да ги видите шарените знамиња со мантри на Svajambunat и Budanat. Долината Катманду мора да се доживее и бидете сигурни, ќе ве однесе назад во минатото, ќе ве разгали сјајот на сонцето, ќе ви го смени погледот на светот и ќе во ја врати насмевката на лицето. ПОКХАРА НА ПОКРИВОТ НА СВЕТОТ Рано е. Сонцето веќе пламна, прашината се крева, сирени се слушат на сите страни, сите брзаат некаде, но всушност не брзаат. Градот, колку и да е загаден, забрзан, хаотичен и непредвидлив, ќе го научи човек само да се насмее на сето тоа и да ужива во патувањето. Се качуваме во туристички автобус. Нагласувам туристички, бидејќи Непалците се возат на туктук на три тркала, со кокошки и друга живина како нивни сопатници. Нашиот, туристичкиот, има простор за нозете, клима уред, па дури и телевизор со рамен екран, кој не го користевме. Aри, локалниот водич, насмеан, како и сите жители на оваа земја. Некако во оваа земја брзо привикнуваш на фактот дека секој е среќен, се радуваат на мали нешта, подготвени се да ви помогнат не за пари туку затоа што тие се едноставно такви: љубезни, прекрасни домаќини, развеселени. Ари ни кажува дека од Катманду да Покхара има околу 200 километри, но да не се радуваме премногу рано, бидејќи патувањето трае околу осум часа, можеби и подолго. Нема проблем, ќе го скусиме времето со рафтинг на реката Trisuli. Поаѓаме на нашиот, како што вели Aри, “bumpy road". Серпентина е серпентина, патот е толку тесен што едвај две помали возила можата да се разминат, а за два автобуси или камиони да не зборуваме. Локалните возачи комуницираат со сирени да го најават влегувањето во свиоците. Во главата ми ѕвони, “тируриру", а јас се смеам во себе. Околу мене во недоглед се оризовите полиња, радиоактивна зелена боја на терасите, кои се една над друга. Можам да ги гледам цел ден. Повторно, се смеам во себе. Среќна сум. Со нетрпение ја очекувам Покхара. Им се радувам на луѓето, на Хималаите, облаците, птиците... Пристигнуваме во Покхара навечер. Темно е. Водичот вели да се одмориме, бидејќи во 4 наутро ќе одиме на “трекинг' (повеќедневно планинарење и престој во природа). Каков одмор!? Се искачуваме на покривот на нашето сместувалиште и се радуваме на светилките што се огледуваат во езерото. Покхара лежи на три езера: Fevi, Begnasu и Rupi. Не можам да го дочекам утрото да го видам сето тоа од перспектива на птица. Алармот се огласи во времето кога вообичаено легнувам. Групата се собира и поаѓаме на 'трекинг“. Се движиме по нагорнина, нерамен пат, а ние не се откажуваме од намерата да го видиме изгрејсонцето. Пристигнуваме во вистинско времето на видиковецот. Го кревам погледот, и пред мене како на дланка се протегаат Даулагири, Анапурна, Манаслу и Maчaпучаре. Речиси можам да ги дофатам. Се чини нереално. Гледам на левата страна, “World Peace pagoda ' како да е насликана на виолетово-портокаловото небо. Под мене, облаците и маглата, Покхара, која сè уште спие, не се слуша ништо освен некој орел кој пролетува доволно блиску. Се смеам. Беше достојно за тоа. Ќе ја посетиме пагодата и ќе седнеме на кафе во локалното, ,,Point view café”. Додека го пиеме црниот пијалок, облаците и маглата се креваат и исчезнуваат, Покхара се буди, хималајските врвови се огледуваат во езерото како во совршено огледало. Не сакам да си одам од тука. Сонцето почнува да пече, параглајдерите започнуваат со нивните летови, а ние се движиме низ густата шума кон езерото. На брегот не чекаат чамци за да не пренесат на другата страна. Со чамецот во кој бев јас весла жена. Ја придружува нејзината симпатична ќерка од 3 години, и ми покажува дека може да го прочита името на колачето што и го дадов. Ми вели дека нејзиното име е Maлашре и дека има брат кој е на училиште. Со чамецот поминуваме покрај мал остров каде што има хинду-храм. Пристигнуваме на брегот и се шетаме низ овој мирен град. Попладнето го минуваме во сенка, со Еверест, пиво од 650 милилитри, издание посветено на Шерпасот кој 12 пати се искачил на Монт Еверест. Во негово име, наздравје! Следното утро алармот ѕвони подоцна. Поаѓаме на 'трекинг“ во 05:00 наутро. Автобусот не остава во близина на селото Naudara, од каде што ќе пешачиме до Sarangkot. На патот на околу 15 километри поминуваме преку локалните села, другаруваме со најубавите деца во светот, помагајќи им до дома да однесат вода, ги испраќаме на нивниот пат кон училиште, разговараме со локалните жители кои целиот свој живот го поминале во селото создавајќи семејство, живеат едноставен живот и се пресреќни. Поглед од врвот на Sarangkot ми го одзема здивот. Погледот кон врвовите го запира времето, а ние седнуваме на ливадата да уживаме во тоа. За еден час, времето кое го поминавме тука, речиси никој не зборуваше. Секој со своите мисли, насмеани и среќни. Покривот на светот е пред нашите очи, ми се чини дека можам да го дофатам. Под нас е реката Сети и нејзиниот кањон и висечкиот мост над него. Наскоро се упатуваме по удолнината. Похрабриот дел од тимот се спуштаат надолу со параглајдери и уживаат во поглед на сите три езера, од врвовите на највисоката планинина на светот и волшебниот град Покхара. Вечерта ќе ја поминеме во локалниот блуз бар. Непалците имаат чувство за музика и не престануваат да шират позитивна енергија. Следниот ден го резервираме за капење во Begnas. Сретнавме деца кои скокаат од мали чамци и бараат засолниште од топлината. Локалните жители ни свиреа локалните песни, на кои танцувавме со нив. За време од два часа, го импровизиравме текстот на народна песна која ни одекнување во главите неколку дена. За вечера, одлучивме да пробаме невообичаена чили водтка. Билијардот е неизбежен во барот, направен е од делови на камион. Светлината излегува од стариот карбуратор на камионот, пепелникот е направен од фелна, а ние седиме на последното седиште од поранешниот автобус, не знаејќи дали сме опиени од водка или можеби од чили. Следниот ден одиме во нова авантура. Првата станица ни е кампот на бегалците од Тибет и потоа се упатуваме кон водопадите Дејвиним. Доаѓаме до висечкиот мост над реката Сети. Исплашено се држам за оградата и гледам право, решителна, со цел да преминам на другата страна. Едно девојче ме фаќа за рака и ме поттикнува да преминам на другата страна. Се отпуштам од оградата и гледам надолу. Не е толку лошо. Дозата на адреналин тече низ моето тело, и јас успешно преминувам на другата страна, држејќи го девојчето за рака. На другата страна ме прашува дали можам самата да се вратам назад. Се насмеав. Секогаш ме изненадуваат, а си мислев дека навикнав на нивната услужливост и добрина. Во повраток го посетивме музејот Гурка и дознавме некои интересни факти за оваа воена формација. Попладнето ни е резервирано за Интернационалниот музеј на планинарење. Пред нас се оригиналните делови на опремата од експедицијата на Едмунд Хилари, биографиите на планинарите, приказни за Шерпаси, легендата за Јети... Уште една ноќ покрај Еверест, добра музика, приказни на експедиции, приказни со луѓето од целиот свет кои доаѓаат тука да ги исполнат своите соништа, секој миг сакам да го запомнам во меморијата, чувството, глетката, сликата, луѓето. Се враќаме назад. Ги оставаме зад себе Хималаите, децата, доживувањата, перспективите. Се смеам. Овој пат не во себе. Се смеам, бидејќи си ветив дека ќе се вратам во најубавото место на планетата Земјата... ВИ ПОСАКУВАМЕ ПРИЈАТНО И УДОБНО ПАТУВАЊЕ За резервирање на аранжманот јавете се во нашата агенција 02 2443 555 и 02 2453 555
Posted on: Tue, 24 Sep 2013 04:57:16 +0000

Trending Topics



Recently Viewed Topics



5

© 2015