Тениски актуелности: - Ноле во - TopicsExpress



          

Тениски актуелности: - Ноле во првото коло на турнирот во Пекинг АТП 500 (China Open) ќе игра со чехот Лукаш Росол (Lukas Rosol), со кого има позитивен скор од 1:0. - Започна турнирот во Пекинг (China Open), каде освен Новак играат и: Рафаел Надал, Давид Ферер, Томаш Бердих, Станислас Вавринка, Ришард Гаске, Томи Хас, Џон Изнер, Михаил Јужњи, Сем Квери, Андреас Сепи, Григор Димитров, Николај Давиденко, Томи Робредо, Фабио Фоњини, Флориан Мајер, Бернард Томиќ... вајлд карта доби Лејтон Хјуит (57-ми), како и домашните натпреварувачи Же Жанг (190-ти) и Ди Ву (243-ти). - Новак ја брани титула освоена лани и е најуспешен тука, има три титули во Пекинг (2009, 2010 и 2012), досега нема ниту еден пораз во престолнината на Кина и има скор од 14:0 со само два изгубени сета. Од овогодинешните учесници Надал има една титула (2005) и Бердих исто така една (2011). - Во исто време започнува и турнирот во Токио (Rakuten Japan Open 楽天ジャパンオープンテニスチャンピオンシップス), исто така категорија 500. - Во Токио ќе настапат: Хуан Мартин дел Потро, Жо-Вилфред Цонга, Милош Раониќ, Кеи Нишикори, Жил Симон, Николас Алмагро, Јанко Типсаревиќ, Кевин Андерсон, Гаел Монфилс, Жереми Шарди, Хуан Монако, Јарко Ниеминен, Фелисијано Лопез, Јирген Мелцер, Маркос Багдатис, Микел Љодра... вајлд карта добија домашните натпреварувачи Го Соеда (123-ти), Јуичи Сугита (147-ми) и Татсума Ито (163-ти). - Титулата од лани ја брани Кеи Нишикори, а од овогодинешните учесници Цонга триумфираше во 2009. Инаку турнирот во Токио се одржува уште од 1972 година. - Милош Раониќ со 18 ас удари ја освои титулата во Бангкок (Thailand Open), совладувајќи го во финалето "фаворитот" Томаш Бердих со 2:0 (7:6, 6:3), ова е негова петта титула во кариерата, со што сериозно влегува во трката за Лондон. Со овој пораз во финалето Бердих засега е единствениот тенисер во ТОП 10 кој нема освоено титула годинава, односно заедно со Алмагро и Јанович во ТОП 20 без титула годинава. - Изненадувачки португалецот Жоао Соуса ја освои титулата во Куала Лумпур (Malaysian Open, Kuala Lumpur), кој во финалето го совлада Жулиен Бенето со 2:1 (2:6, 7:5, 6:4) - Инаку Соуса кој во 1/2 финалето во два сета го преслуша Ферер е 77-ми тенисер во светот, негов досега најдобар пласман во кариерата, а со неговата прва титула доста ќе напредува и веројатно ќе влезе во ТОП 50. Соуса со титулата е досега првиот и единствениот португалец кој освоил АТП сингл титула! - Титулата во WTA кај дамите на силниот турнир во Токио (東レppoテニス) ја освои Петра Квитова која во финалето ја совлада Анџелик Кербер со 2:1 (6:2, 0:6, 6:3), ова е нејзина 11-та титула во кариерата и втора годинава по Дубаи. Со титулата Квитова за прв пат по 2011 се враќа во ТОП10. - Во исто време во Пекинг се игра и турнирот кај дамите каде меѓу фаворитките нема да настапи Шарапова, а веќе првиот ден елиминирани се Саманта Стосур, Кирстен Клипкенс, Симоха Халеп, Даниела Хантухова, Доминика Цибулкова и Јулија Гергес. - Бојана Јовановски ја освои титулата на челенџер турнирот кај дамите во Нингбу, Кина совладувајќи ја во финалето Шуаи Женг со 2:1 (6:7, 6:4, 6:1) - Вчера (сабота, 28 Септември) и беше роденден на јапонката Кимико Дате-Крум која наполни 43 години, професионалка е од 1989 година и сеуште игра активен тенис, интересно е што таа е дури 3 години постара од самата ВТА органзиација која се формираше во 1397 година! Браво! - Во четвртокот (26, Септември) и беше роденден на најдобрата тенисерка Серена Вилијамс која наполни 32 години, искрени честитки за Серена. - Андре Агаси неделава изјави дека Роџер Федерер е една класа над Пит Сампрас. - Мартин Хингис поминува низ тешки периоди во разводот, отако нејзиниот сопргу Тибаулт Хутин ја обвини дека заедно со нејзината мајка и момчето на нејзината мајка го нападнале во неговиот стн и му го искршиле автомобилот, му ги земале кредитните картички, го удриле по главата со ДВД плеер и наводно дека му се заканувале по животот со руската мафија. - Амриканскоот тенисер Рајан Свитинг, кој скоро и да се откажа од тенисот се вери со актерката Кејли Куоко. Нека им е со среќа. (Ц.А)
Posted on: Sun, 29 Sep 2013 14:46:14 +0000

Trending Topics



Recently Viewed Topics




© 2015